Охрид, 15. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Денеска истекува рокот за поднесување Годишната даночна пријава до Управата за јавни приходи.
Со цел да им излезе во пресрет на граѓаните, канцелариите на УЈП ќе работат со продолжено работно време. Регионалните дирекции на УЈП во Скопје, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Прилеп ќе работат до 21:30 часот.
Даночни одделенија пак, во Охрид, Струга, Ресен, Кавадарци, Велес, Неготино, Куманово, Крива Паланка, Кочани, Виница, Свети Николе, Берово, Гевгелија, Радовиш, Гостивар, Кичево и Дебар, даночни пријави ќе примаат до 18:00 часот.
Доколку ненавремено или воопшто не се поднесе пријавата за остварен дополнителен приход, законот предвидува глоба која се движи од 100 до 200 евра, во денарска противвредност. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива