Хјустон, 31. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Џејмс Харден имаше фантастична вечер, го предводеше тимот на Хјустон до победа над Орландо притоа постигнувајќи трипл-дабл со 60 поени.
Хјустон со 114:107 триумфираше над Орландо Меџик, „ракетите“ во составот ги немаа Крис Пол и Тревор Ариза, но Џејмс Харден ги превзема работите во свои раце.Тој постигна 60 поени, имаше 11 асистенции и 10 скока. Стана првиот играч во историјата на НБА кој направил трипл-дабл со 60 поени.
Шампионот Голден стејт доживеа дебакл на гостувањето кај Јута откако загуби со 30 поени разлика, 129-99 иако играше со сите ѕвезди во составот.
Резултати:
Вашингтон – Оклахома 102:96
Њујорк – Бруклин 111:95
Торонто – Минесота 109:104
Детроит – Кливленд 125:114
Хјустон – Орландо 114:107
Њу Орлеанс – Сакраменто 103:114
Сан Антонио – Денвер 106:104
Јута – Голден Стејт 129:99
ЛА Клиперс – Портланд 96:104. (Крај)
извор: Мкд.мк фото: архива