Исчезната 33- годишна стружанка
јануари 28, 2017

Струга, 28. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вчера во претпладневните часови 58 – годишната стружанка Г.М. пријавила дека исчезнала нејзината ќерка Р.М., 33-годишна, која живее во Скопје.

Исчезнатата стружанка имала нарушено здравје и според зборовите на нејзината мајка, во психичка криза можела да се повреди.

Полициската станица во Струга работи по добиената пријава и презема натамошни неопходни мерки за пронаоѓање на лицето. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука