Милано, 21. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со оглед на резултатите, прашање е дали воопшто ќе успеат да се изборат за место во Лигата на Европа, бидејќи Лигата на шампионите веќе е далеку за „Росонерите“.
Но, според информациите на „Марка“, последиците кои ќе ги претрпи Милан ќе бидат многу поголеми. Мадридскиот спортски весник тврди дека УЕФА би можела да го исфрли Милан од меѓународните натпреварувања, бидејќи извршниот директор на италијанскиот клуб Марко Фасоне никого во Нион не успеал да убеди дека финансискиот проект на „Сан Сиро“ е поставен на здрави темели.
Фасоне бил во Нион уште пред две недели, но дури сега во јавноста се појавуваат првите детали. „Марка“ наведува дека целата „презентација“ на директорот на Милан било засновано на претпоставката дека клубот финансиски ќе се осигура со пласман во Лигата на шампионите. Веќе сега е јасно дека такво нешто нема да се случи.
„Марка“ исто така додава дека целиот бизнис план на Милан е толку невтемелен што мали се шансите во краток рок „Росонерите“ да успеат да ја испеглаат ситуацијата со УЕФА. Секако, ова треба да се земе со доза на резерва, бидејќи ни на УЕФА нема да и биде лесно да го исфрли седумкратниот освојувач на Лигата на шампионите.
Милан летово за засилувања потроши дури 200.000.000 евра, иако тие пари не ги заработи, а УЕФА инсистира на тоа дека на засилувања и плати на играчи не смее да се троши од капиталот кој во клубот го внесуваат сопствениците.
Притоа, угледниот „Њујорк Тајмс“ пред неколку дена објави и текст во кој се наведува дека сопственикот на Милан Јонгхонг Ли всушност не е тој кој се претставува, односно дека неговиот бизнис воопшто не е толку развиен како што тврди тој.
Од друга страна, италијанските медиуми наведуваат дека Милан затоа веќе во четврток ќе даде се од себе за да ја совлада Австрија Виена и на коло пред крајот да осигура пласман во нокаут фазата од Лигата на Европа, бидејќи, како тргнале, до Лигата на шампионите попрво ќе дојдат преку Лигата на Европа, отколку преку Серија А. (Крај)
извор: Спортклуб.мк фото: архива