Рим, 24. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалската федерација на Италија направи официјална понуда за Карло Анчелоти да ја преземе репрезентацијата на „Азурите“. Ова го најави едно од најавторитетните изданија на „Sky Sport Italia“.
Детали за договорот не се соопштуваат, но поранешниот тренер на Милан, Реал Мадрид и Баерн Минхен е фаворит за оваа работа, бидејќи тој е без работа од есен кога беше отпуштен од „Алијанц арена“. Прашањето е дали самиот Анчелоти ќе може да го предводи четирикратниот светски шампион.
Во неколку интервјуа тој рече дека претпочита да работи во клуб, а особено во Англија, а името му е поврзувано за враќање во Челзи и ПСЖ, како и со Арсенал, каде од летото ќе се бара нов менаџер поради заминувањето на легендата Арсен Венгер.
Името на Роберто Манчини, кој го предводи Зенит Ст. Петерсбург исто така се поврзува со Италија. Локалните медиуми објавија дека новиот селектор ќе биде објавен во мај, а постот е испразнет од есента, кога Џанпиеро Вентура беше ослободен по елиминацијата од Шведска во баражот за пласман на Мундијалот во Русија. (Крај)
извор: Стандард фото: архива