Охрид, 11. јуни 2018 (ОХРИДПРЕС) – За сите граѓани од муслиманска вероисповед во Охрид, Градоначалникот проф. д-р Јован Стојаноски вечерва приреди Ифтарска вечера.
Традиционалната Ифтарска вечера е во духот на големиот муслимански празник Рамазан Бајрам и потврдените определби за соживот, мирољубие и човекољубие, беа пораките на средбата.
– Ваквите средби и празнувања ги јакнат односите меѓу граѓаните, соживотот и дека се потврда за почитување на универзалните хумани човекови вредности. Како и досега, така и во иднина, со почитување на верската различност ќе се градат меѓусебната толеранција, милосрдието, разбирањето и просперитетот на Охрид и Република Македонија, истакна градоначалникот Стојаноски.
Ифтарската вечера се одржа на плоштадот „Чинар“ во присуство на бројни граѓани. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива