Базел, 26. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Меѓународната ракометна федерација соопшти дека французинот Никола Карабатиќ е избран за најдобар ракометар, а Едуарда Аморим најдобра ракометарка во 2014 година.
Во изборот учествувале новинари, ракометни стручњаци и 55.000 фанови од целиот свет.
Веднаш зад Карабатиќ се најдоа Данецот Микел Хансен и Французинот Тијери Омејер.Бразилската ракометарка Аморим до наградата стигна пред Романката Кристина Неагу и Данката Хајди Локе.(Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 6