февруари 28, 2018

Охрид, 28. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – И членовите и тренерите од ракометната школа „Вардар – Седмерец“ дадоа поддршка на лицата со ретки болести.

Со обојување на лицата во боите на ретките болести и тие се вклучија и дадоа свој придонес во кампањата што се одржуваше цел месец.

DSC_0039

DSC_0026

– Со нашето учество во оваа кампања сакаме да им дадеме поддршка на сите дечиња од целиот свет кои боледуваат од ретки болести побрзо да оздрават, рече Марија Шапкароска, член на школата.

– Ние секогаш ќе поддржуваме вакви кампањи кои што се за општо добро на сите луѓе во светов и со тоа сакаме да им покажеме на младите генерации како треба да функционираат понатака во својот живот, да бидат хумани и да помагаат на сите, изјавија тренерите на РШ „Вардар-Седмерец“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Вардар Седмере

ц

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука