Охрид, 7. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 6-ти февруари 2023 година, во периодот од 07:00 до 12:00 часот, при извршени сообраќајни контроли во Охрид, полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, затекнале 18 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената, од кои 6 надвор и 12 во населено место.
– Против нив се поднесени соодветни платни налози, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 19