Охрид, 18. февруари 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 17-ти февруари 2023 година, во периодот од 14:00 до 17:00 часот, при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници затекнале 24 возачи на моторни возила кои извршиле претекнување на други моторни возила на забранети и непрегледни места, од кои 9 во Охрид, 3 во Струга, 1 во Кичево и 11 во Дебар.
– Против нив се поднесени соодветни платни налози, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 42