Охрид, 3. мај 2017 (ОХРИДПРЕС) – Помладите категории каратисти од Карате клубот „Чоле“ од Охрид, покажаа солидни успеси на државното првенство во карате за деца од 10 до 13 години.
Викендов се одржа првенството, на кое охридските каратисти постигнаа добар резултат.
Тие освоија еден златен медал, едно сребро и два бронзени медали.
Каратистката Мартина Митреска освои 1 место (30 кг), Симон Петрески освои 3 место (40 кг), Горан Вранишкоски освои 3. место (50 кг) и Мартина Петреска освои 2 место – кати. (Крај)
извор: Спорт Клуб фото: Спорт Клуб
Прочитано: 49