Дортмунд, 28. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Марио Геце, ќе мора да ја прекине привремено својата кариера поради болест.
Тој подолг период се мачи со повреда на бутниот мускул, но по деталните медицински анализи се покажало дека проблемот е од поинаква природа.Весникот„Билд“ пишува дека главен проблем кај Геце е лошото согорување на маснотиите односно метаболичко пореметување во неговиот организам.
– Секојдневно сум на терапии и ќе сторам се што е во моја моќ за побрзо да се вратам во тренажен процес , изјавил Геце. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 24