Мадрид, 10. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Управата на „кралевите“ е при крај со преговорите со агентот на Карим Бензема и се очекува напаѓачот да остане во Реал Мадрид до 2021 година.
Тој има актуелен договор до 2019 година, но ќе го продолжи за уште две сезони, а ќе добие и зголемување на годишната плата на 10 милиони евра.
Карим Бензема веќе осма сезона е во дресот на Реал Мадрид, досега има постигнато 173 гола, а оваа сезона 12 пати се запишал во листата на стрелци. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 94