Канбера, 17. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Пејачката Кајли Миног на шега ја отфрли идјата да учествува на изборот за песна на Евровизија и да ја претставува нејзината татковина.Фановите на 46-годишната пејачка започнаа да собираат потписи за да ја убедат Кајли да учествува на Евровизискиот натпревар.Сепак таа не гледа сериозно на идејата и на шега соопшти дека „тој ден е зафатена – ќе си ја мие косата“.Оваа година Австралија за првпат ќе учествува на Евровизија на прославата на јубилејот на ова познато натпреварување кое ќе наполни 60 години. Домаќин ќе биде Австрија. (Крај)извор: АФП фото: АП
Прочитано: 9