Струга, 3. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 17 годишно лице од село Вевчани, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни суостанции и прекурсорси”.
На 13 ноември минатата година, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот и пронашле ќеса со 5,1 грама марихуана и нож. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 21