Охрид, 2. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 1. ноември 2024 година во 19:35 часот, на регионалниот пат Охрид-Струга, кај селото Подмоље, лишено е од слобода 36-годишно лице од Охрид.
– При извршен преглед на местото околу неговото моторно возило „Шкода“ каде бил сопрен, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа паковка со бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: ОхридПрес
Прочитано: 316