јули 18, 2019

Келн, 18. јули 2019 (ОХРИДПРЕС)Последните неколку години Келн е домаќин на завршниот турни во ракометната Лига на шампионите, а наредната година жителите на овој германски град ќе имаат единствена можност, покрај во ракометот, да уживаат и во кошарката.

Келн е одреден да биде домаќин на завршниот турнир во Евролигата, кој ќе се одржи од 22 до 24 мај 2020 година во арената „Ланксес“.

„Се гордееме што наредниот завршен турнир ќе се игра во Келн. По Прага во 2006, Париз во 2010 и Лондон 2013 година, повторно избравме локација на која досега не сме биле“, рекол првиот човек на Евролигата, Џорди Бартомеу.

Завршниот турнир во Евролигата третпат ќе се игра во Германија, претходно двапати во 2009 и 2016 домаќин бил Берлин. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука