Лондон, 22. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Неименуван кинески клуб му понудил на напаѓачот на Челзи Диего Коста неделна плата од 650.000 фунти, пренесоа британските медиуми.
Како што објави Мирор, Челзи добил понуда од 34 милиони фунти за трансфер на шпанскиот репрезенттаивец, а според шпекулациите во прашање е фудбалскиот клуб Тјанџин.
Доколку Челзи ја прифати понудата, Бразилецот со шпански пасош ќе стане најплатениот фудбалер во светот, со годишна плата од 33,8 милиони фунти. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 13