Милано, 21. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Иако оваа сезона започна само седум натпревари во првиот состав на Интер, Марсело Брозовиќ е мета на многу европски клубови.
Заинтересирана за него е Валенсија, исто и Тотенхем, но најреален е неговиот трансфер во Ливерпул, пишуваат англиските медиуми. Јирген Клоп хрватскиот репрезентативец го гледа како идеална замена за Емре Чан кој на лето речиси сигурно ќе си оди во Јувентус.
Клоп уште оваа зима би го довел Брозовиќ за што подобро да се вклопи во екипата за следната сезона, а за него е спремен да плати 32 милиони евра. Германецот се надева на традиционалите односи на Ливерпул и Интер. Интер се распрашува за позајмица на Даниел Стариџ, а Ливерпул наводно направил првични проговори за евентуалниот трансфер на Брозовиќ.
Брозовиќ во Интер пристигна во јули 2016. година од Динамо за осум милиони евра, а во 95 настапи за миланскиот клуб постигна 11 гола и запиша 17 асистенции. (Крај)
извор: Спортски фото: архива