Охрид, 27. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Високо над градот, со поглед кон древниот убавец, поставена е клупата на Valerie & Ivan, на местото со најубав поглед кон Охрид.
– Made & gifted by Valerie & Ivan. Направено и подарено од Валеи и Иван, 12.09.2020, стои на таблата поставена на клупата, која е поставена на оваа локација.
Едноставен чин со едноставна порака од луѓе на кои Охрид делувал на овој прекрасен начин.
– Еден пар, инспириран од величественоста на природата, одлучил не само да помине, туку да остави простор за други да застанат и да се поврзат. Тие сфатиле дека вистинската убавина на животот не лежи во брзањето да се освојат височини, туку во моментите кога ќе застанеме, ќе вдишеме длабоко и ќе дозволиме светот да нè потсети на нашето место во него, напиша на неговиот профил на Facebook Марјан Трајкоски, кој ја објави фотографијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Марјан Трајкоски