Охрид, 20. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – По повод 21 март – Светскиот ден на поезијата, НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид и Почесниот конзулат на Руската федерација – Охрид, утре ќе организираат книжевно пладне.
Ќе биде претставен избор од творештвото на руските поетеси Ана Ахматова (1889-1966) и Марина Цветаева (1892-1941).
За нивниот живот и поезијата ќе зборува Елена Обухова, а стиховите ќе ги интерпретираат Тоде Илиевски и Маја Мојсова. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 24