Струга, 11. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Музичарот Никола Јанков, познат како Коки со неговата „Тајфа“, вечерва ќе настапуваат во клубот „Оаза“ во Струга.
Во соработка со „Томато продукција“ Коки и Тајфата неодамна ја снимија песната „Слушам кај шумат шумите“ со вокал од Андријана Јаневска, а на гитара свири Ивица Јорданов.
Коки зад себе има кариера од 25 години. Повратокот на музичката сцена беше со македонската чалгија, за која Коки вели дека отсекогаш ја сакал.
Настапот на Коки и Тајфата вечерва во клубот „Оаза“ ќе биде по 22 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 28