Струга, 16. ноември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Се конституира Советот на општина Струга, а за прв човек беше избран Ресул Каба.
Врз основа на уверенијата добиени од Општинската изборна комисија беа потврдени мандатите на 27 -те советници.
Новиот претседател Каба потенцира дека во следните четири години ќе работи во согласност со правилата и деловникот и ќе придонесува за развој, посветла иднина и просперитет на општина Струга како и за граѓаните без разлика на политичката, верска, национална и каква било друга определба. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 3