октомври 13, 2017

Сингапур, 13. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради повреда на стапалото, Јохана Конта мораше да се откаже од Кремлин Купот во Русија и со тоа за неа календарската година е завршена. Британката нема да биде дел и од Мастерс Купот во Сингапур, каде ќе играат најдобрите осум тенисерки во светот.

26-годишната повреди пред Хонгкок опен пред неколку дена и нејзината повреда предизвика рокада на завршниот Мастерс, каде свое место ќе добие Французинката Каролине Гарсија.

Учеснички на Мастерс Купот:

(1) Симона Халеп (Романија)
(2) Гарбиње Мугуруза (Шпанија)
(3) Каролина Плишкова (Чешка)
(4) Елина Свитолина (Украина)
(5) Каролине Вознијацки (Данска)
(6) Венус Вилијамс (САД)
(7) Јелена Остапенко (Летонија)
(8) Каролине Гарсија (Франција)

Заради бременоста на Мастерс Купот нема да настапи Серена Вилијамс. (Крај)

извор: Гол.мк фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука