март 17, 2018

Скопје, 17. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва во Македонската филхармонија од 20:30 часот концерт ќе одржи нашиот виртуоз на гитара, Влатко Стефановски, на кој ќе биде промовиран неговиот албум „Мајчин јазик“.

За неговиот настап владее огромен интерес, па концерт е закажан и за утревечер и за вторник, 20-ти март.

Специјални гости на концертите ќе бидат балканската етнодива Биља Крстиќ, сопранот Весна Гиновска Илкова и популарната група „Љубојна”. Ова е 35-ти албум кој Стефановски го сними во април минатата 017 година, а публикуван е од „Кроација рекордс“.

Албумот има девет теми и една бонус, вокална изведба на „Море сокол пие” во соработка со Раде Шербеџија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука