јануари 22, 2018

Мелбурн, 22. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Јужнокорејската сензација продолжува во Мелбурн. До вчера анонимниот Хјеон Чунг го совлада Нова Ѓоковиќ 7:6, 7:5, 7:6 и закажа дуел со Американецот Тенис Сандгрен во четврт финалето на првиот грен слен во сезоната

.

„Чунг му го прави на Ѓоковиќ она што Новак им го правеше на противниците во изминатите пет години“, напиша Џејми Мареј на Твитер, додека српскиот тенисер мака мачеше да остане во Мелбурн во третиот сет со Јужнокореецот. Британецот со постот алудираше дека Ѓоковиќ нема елиминација на грен слем од 2013 година.

Djole1

Чунг изненадувачки добро и стабилно го одигра дуелот во кој ја забележа и најголемата победа во кариерата. Но, им го расчисти патот првенствено на Роже Федерер кој според натпреварувачкиот костур требаше да игра со Ѓоковиќ во полуфинале, но и на Рафаел Надал иако Шпанецот е во другата половина на ждрепката. Па, така, светската тениска јавност е многу блиску до нова швајцарско-шпанска класика за тронот во Мелбурн. (Крај)

извор: НоваТв фото:архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука