Струга, 4. април 2018 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија од Струга поднесе кривична пријава против 52-годишниот А.Ж. од селото Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
– На 23-ти февруари оваа година, во село Велешта, при инспекциски надзор од страна на градежен инспектор од Општина Струга, било констатирано дека пријавениот на парцела во село Велешта, изградил објект за домување, без одобрение за градба, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 33