Кривична за охриѓанец за поседување дрога
март 1, 2017

Охрид, 1. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 22-годишниот С.Ж. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

На 4-ти јуни минатата година полициски службеници го забележале пријавениот како од предниот дел од неговата маица фрлил сина полиетиленска ќеса со опојна дрога марихуана со нето маса од 28,3 грама, по што побегнал.

Полициските службеници кај него нашле и кутија од цигари во која имало една рачно изработена цигара со 0,45 грама мешавина од марихуана и тутун. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука