февруари 14, 2018

Охрид, 14. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 63-годишниот С.К. од Охрид за сторенo кривично дело „Предизвикување општа опасност“.

– На втори овој месец во Охрид, во куќата каде пријавениот престојувал под кирија, поради невешто користење на електричниот шпорет, предизвикал пожар, што ги зафатил предметите од покуќнината и покривот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука