Охрид, 25. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 34-годишниот Н.Р. од охридското село Лескоец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари”.
На 14-ти февруари оваа година во продавница во Охрид пријавениот пуштил во оптек фалсификувана банкнота од 1 000 денари. Вработените во продавницата забележале дека банкнотата е лажна, а настанот телефонски го пријавиле во СВР Охрид.
Банкнотата била испратена до Народна банка на Република Македонија за вештачење, каде било констатирано дека е фалсификат. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 22