Кривична пријава за охриѓанецот кој купувал во маркети со фалсификувани пари
март 8, 2017

Охрид/Струга, 8. март 2017 (ОХРИДПРЕС) – Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 34-годишниот Н.Р. од охридското село Лескоец поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување пари“.

– На 11-ти минатиот месец, пријавениот во продавницата „Балкопром“ во струшката населба Плитишта, во оптек пуштил фалсификувана банкнота од 1000 денари со сериски број БА3427637. Н.Р. со лажната банкнота купил цигари и ја напуштил продавницата а вработената се посомневала во банкнотата и веднаш го пријавила настанот, велат од СВР Охрид.

Пријавениот сакајќи да се стекне со противправна имотна корист, слични лажни банкноти ги претставил како вистинити, а во оптек пуштил и во повеќе продавници во Охрид, Струга, Битола и Прилеп.

Банкнотата е одземена и предадена на вештачење во Народната банка на Република Македонија од каде со експертиза е утврдено е дека банкнотата во апоен од 1000 денари со сер.бр БА3427637 е фалсификат. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука