Кривична пријава за охриѓанецот кој повреди малолетник при сеча на дрва
февруари 15, 2017

Охрид, 15. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 40-годишниот С.Ѓ. од охридското село Велгошти, поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „предизвикување општа опасност” и „тешки дела против општата сигурност”.

На втори овој месец околу 13,00 часот, на депонијата „Буково“, С.Ѓ. Кој е вработен во Јавното претпријатие „Охридски комуналец“, како чувар на депонијата, при сечење на буково дрво, повредил малолетно лице од Битола.

Малолетникот заедно со неговиот татко, престојувал во шатор на депонијата „Буково“ каде С.Ѓ. вршел сеча на дрва. Дрвото кое тој во моментот го сечел со моторна пила, паднало врз шаторот и го удрило малолетното лице, кое се здобило со фрактура на главата.

Пријавениот С.Ѓ. По инцидентот веднаш го пренел малолетникот до своето возило и заедно со неговиот родител, го префрлиле во Општата болница во Ресен од каде, со медицинско возило итно бил транспортиран во болницата во Битола. Поради предизвиканите тешки телесни повреди, малолетникот бил префрлен во Клиничкиот центар во Скопје. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука