Кривична пријава за охриѓанец, вработен во ШС „Галичица“ кој го фалсификувал извештајот за прием на дрвна маса
декември 9, 2024

Охрид, 9. декември 2024 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 44-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „фалсификување исправа“.

– Во текот на 2021 година, во својство на службено лице како референт по сеча и дотур во Јавното претпријатие „Национални шуми“ Скопје, ШС „Галичица“, Охрид, пријавениот ги повредил законските прописи со пропуштање на должен надзор и несовесно постапувајќи во вршењето на своите овластувања. Тој го фалсификувал извештајот за прием на дрвна маса и го искористил како да е вистинска исправа, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука