Охрид, 28. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 23-годишниот Д.Т. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид“.
На 14-ти февруари оваа година, пријавениот околу 11:35 часот влегол во маркет на улицата „Галичица“ и со закана со нож од вработената го побарал дневниот промет.
Во тој момент вработената почнала да ја довикува нејзината колешка која била во магацинот, по што пријавениот го напуштил маркетот и побегнал. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 27