Охрид, 7. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 29 – годишниот охриѓанец Г.А., кој се товари за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедност”.
На 9 март, во 17,20 часот, додека полициски службеник превземал мерки за физичко сообраќајно обезбедување на собир на граѓани „За заедничка Македонија“, пристигнал пријавениот, се паркирал и возилото го оставил на коловозната лента. Полицискиот службеник дал наредба да го отстрани возилото и да продолжи со движење. Полицаецот од пријавениот побарал на увид сообраќајна и возачка дозвола со цел констатирање на прекршок, но тој го турнал полицискиот службеник. Подоцна бил приведен во полициската станица Охрид. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 22