Струга, 6. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поднесена е кривична пријава против 57 – годишниот М.Ќ. од Струга и против Градежното трговско друштво „ТРИМ“ Охрид ДОО поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Пријавениот како управител на претпријатието, кое било изведувач на колективна станбена зграда лоцирана на катастарски општини Струга, на ул.„Партизанска“ во Струга, постапил спротивно на основниот проект за кој било издадено одобрение за градба. Противправно бил изграден дел од градбата, за која градежна инспекција при општина Струга донела решение за нејзино отстранување. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 21