Струга, 20. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Криминалистичката полиција од Струга поднесе кривична пријава против 57-годишниот М.Ќ. од струшкото село Биџево, и против правниот субјект ГТД-ДОО „ТРИМ“ увоз извоз Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Пријавениот М.Ќ. како управител на правниот субјект „Трим“, како изведувачи на колективна стамбена зграда лоцирана на улицата „Партизанска“ во Струга, постапил спротивно на основниот проект за кое општината имала издадено одобрение за градба. Пријавениот противправно изградил дел од градбата над петтиот кат.
Градежната инспекција при општина Струга донела решение за отстранување на градбата. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 35