април 5, 2017

Струга, 5. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со кривична пријава се стекна лицето Ј.К., 23-годишен, од Струга, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 28-ми февруари годинава, во 19.15 часот на ул.„Нико Нестор“ во Струга, при извршен преглед врз пријавениот, била пронајдена паковка со 7,27 грама марихуана. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука