Охрид, 15. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанциии и прекурзори“, СВР Охрид поднесе кривични пријави против 31-годишниот С.Н. од кумановското село Лопате и 39-годишниот А.М. од Куманово.
– Пријавените, кон крајот на минатата година набавиле поголема количина на опојна дрога хероин и во изнајмена куќа во Охрид, вршеле нејзино препакување во помали количини. Истите, понатаму ги продавале на повеќе наркозависници од регионот. При извршен претрес во изнајмената куќа што пријавените ја користеле, полициските инспектори пронајдоа дел од непродадениот хероин како и извесна количина кофеин-медикамент кој влегува во групата на стимуланси, а на илегалниот пазар се користи како додаток во хероинот со цел да се зголеми неговата маса, информриаат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива