Струга, 20. март 2018 (ОХРИДПРЕС) – 58-годишниот И.К. и 38-годишниот С.К. од Струга заработија кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „измама“.
– Казненото дело, пријавените го сториле на штета на 41-годишниот Р.Н. од кој добиле барање за вкупен износ од 353.730 денари да му изработат дрвена столарија, врати, кујни и други елементи. Откако ги добиле парите, сега пријавените не ја изготвиле нарачаната столарија и не му ги вратиле парите, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 31