октомври 30, 2017

Охрид, 30. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 25-годишниот Д.К. од Скопје, А.В. (24) од Скопје, С.К. (23)  и уште едно засега непознато лице поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „тешка кражба“.

– Во август годинава, на подрачјето на Охрид, пријавените со употреба на подесен алат и со кршење извршиле тешки кражби во два дисконти и два маркети и една продавница, со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 423.000 денари, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука