Цирих, 10. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Играчот на Реал Мадрид ,Кристијано Роналдо,во изборот на ФИФА е прогласен за најдобар во светот.Пред еден месец португалецот ја доби и „Златната топка“ од France Football со што ја потврди супериорноста во 2016-та, во која ја освои ЛШ и Европското првенство.
Наградата за животно дело ја доби најдобриот футсал играч во историјата, бразилецот Фалкао, а наградата за фер-плеј му припадна на колумбискиот клуб Атлетико Насионал.
Наградата „Ференц Пушкаш“ за најдобар гол на годината ја доби Малезиецот Мохд Фаиз Субри за голот кој го постигна на мечот Пенанг-Паханг во малезиската лига. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 2