Охрид, 11. мај 2018 (ОХРИДПРЕС) – КУД „Охриѓанка“ минатиот викенд го претстави македонскиот фолклор во Крагуевац, Србија.
Нашите играорци учествуваа на традиционалната манифестација „Ѓурѓовденски фолклорен маратон“. Се претставија со две кореографии и тоа детската и ветеранската група.
По успешниот концерт со кој одбележаа 10 години од своето постоење, играорците интензивно се подготвуваат за големата турнеја на Интернационалниот фолклорен фестивал во Барселона, Шпанија, на кој ќе учествуваат од 5-ти до 12-ти јули. Претходно во рамки на тунејата, КУД „Охриѓанка“ ќе учевствува и на Интернационалниот фолклорен фестивал „Биоград на море” во Хрватска.
КУД “Охриѓанка” постои од 2006 година. Во состав на друштвото влегуваат група за народни ора, детска група за народни ора, оркестар и музичка школа за млади таленти. Во досегашното постоење друштвото има учествувано на бројни домашни и меѓународни фестивали. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: КУД „Охриѓанка“