Мадрид, 13. јануари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Атлетико Мадрид-Севилја е четвртфиналното дерби во фудбалскиот Куп на Шпанија.
Вчерашната ждрепка им донесе противници по мерка на другите фаворити,Барселона, Реал и Валенсија.Реал во двомечот ќе игра против градскиот ривал Леганес, Валенсија го доби Алавес, а и Барселона ја очекува градска пресметка со Еспањол.
Куп на кралот:
Валенсија-Алавес
Леганес-Реал Мадрид
Еспањол-Барселона
Атлетико Мадрид-Севилја
Првите натпревари ќе се одиграат на 17 јануари, а реваншите се една недела подоцна. (Крај)
извор: Макфакс фото: архива
Прочитано: 5