декември 31, 2017

Лондон,31. декември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Белгискиот голман Тибо Куртуа бара од управата на Челзи да го пушти во Реал од Мадрид, пренесува шпанскиот „Ас“.

Kуртуа има голема желба да се врати во Мадрид, но не во редовите на Атлетико, чиј дрес успешно го носеше од 2011 до 2014 година, туку во шампионот на Европа, каде што го чека резервирано местото прв голман, наместо Кејлор Навас.

Куртуа инсистира да направи трансфер во Реал бидејќи децата му растат во Мадрид и затоа го одолговлекува потпишувањето нов договор со Челзи.

Обврските кон „сините“ му истекуваат летото 2019 година, Челзи планира да го задржи, но 25-годишниот Белгиец е одлучен во намерата иднината да ја гради во Шпанија.

Куртуа шест години е член на Челзи, меѓу кои се и трите споменати на заем во Атлетико, а бранеше и за Генк. (Крај)

извор: Екипа.мк фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука