Курт: Аеродромите во Скопје и Охрид добија нови линии, но тука нема да се застане
ноември 15, 2024

Охрид, 15. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Нѐ израдуваа информациите за воведување уште шест дестинации од и до нашите аеродроми, четири од Скопје и две од аеродромот во Охрид, вели во интервјуто за Гласот на Америка (VOA) генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт.

Потенцира дека покрај повторното воведување на линијата до Базел, многу важна пресвртница е најавата на Туркиш Ерлајнс кои ќе летаат од Охридскиот аеродром до Истанбул четири пати во неделата.

– Од охридскиот аеродром ќе почнеме да летаме назад до Базел, но покрај тоа, многу важна пресвртница е најавата на Туркиш Ерлајнс кои летаат од Охридскиот аеродром до Истанбул и очекуваме ова да се одвива четири пати во неделата. Со приклучувањето на Туркиш Ерлајнс да лета од Охрид е исто така одлична можност за патници кои живеат во странство – имаме голема дијаспора во САД, како и во Австралија. Имајќи го предвид сето ова, да има трансатлантски лет директно до Соединетите Американски Држави или која било друга трансатлантска локација, потенцира Курт.

News from Ohrid, Vesti od Ohrid, Ohrid news. Вести од Охрид, Новости Охрид, Информации од Охрид 24 часа - Брзо, точно, проверено...

Концесијата за управување на ТАВ со двата аеродроми завршува во 2032 година. Курт вели дека веќе имаат замисла како скопскиот и охридскиот аеродром да прерасат во нешто повеќе од она што веќе се.

Инаку, согласно објавениот повик на министерството за транспорт за воведување нови авионски линии што ќе бидат субвенционирани. Од 30-ти март 2025 година два пати неделно ќе се лета на релација Скопје- Дубаи-Скопје со „Флај Дубаи“, од 30-ти јуни два пати неделно ќе се лета на релација Скопје-Барселона-Скопје, три пати неделно ќе се лета Скопје-Лион-Скопје и три пати неделно на релација Скопје-Штутгард-Скопје. Од Охридскиот аеродром два пати неделно ќе се лета на релација Охрид-Базел-Милхауз-Охрид, а од 30-ти март „Туркиш ерлајнс“ почнува редовно да лета на дестинација Охрид-Истанбул-Охрид, четири пати неделно.

Субвенцијата од буџетот изнесува 12 евра по патник на доаѓање на охридскиот аеродром и 9 евра по патник на доаѓање на скопскиот аеродром.

Наскоро треба да биде објавен и втор повик што се очекува да донесе нови дестинации за кои има интерес. (Крај)

извор: VOA/ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука