февруари 7, 2018

Келн, 7. февруари 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од 2010 година Келн и “Ланксес Арената“ се средиште на главниот клупски ракометен настан на годината – Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.

Така ќе биде и следната година,всушност, договорот со ЕХФ важи до 2020 година, но, според член од тој договорот, секогаш постои опција за промена на локацијата.

Сепак, ЕХФ е задоволен од организацијата во сиот период во кој фајналфор турнирот се игра во прекрасната “Ланксес Арена, со капацитет од 20.000 места, па веќе ги одреди и датите на одигрување на турнирот во оваа и во следната година.

Во 2018 година завршницата во Лигата на шампионите ќе се игра на 26 и на 27 мај, а следната година на 1 и на 2 јуни. (Крај)

извор: РК Металург фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука