Рим, 5. април 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипата на Лацио е првиот финалист во Купот на Италија, откако во полуфиналниот двомеч беше подобар од градскиот ривал Рома.
Лацио по победата во првиот меч од 2-0, синоќа во реваншот загуби со 3-2 и со вкупен резултат 4-3 се пласира во финалето каде ќе игра со подобриот од полуфиналната пресметја помеѓу Наполи и Јувентус.
Екипите на Наполи и Јувентус реваншот ќе го одиграат вечерва, а по натпревар првиот меч „старата дама“ има предност од 3-1. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
Прочитано: 15