октомври 26, 2017

Кливленд, 26. октомври 2017 (ОХРИДПРЕС) – Леброн имаше одлична партија, но таа не беше доволна за победа на Кливленд кој загуби на гостувањето кај Бруклин со 112:107, Вестбрук се разбуди и ја предводеше Оклахома до триумф над Индијана од 114:96.

Леброн не може сам, ѕвездата на Кливленд имаше трипл-дабл со 29 поени, 13 асистенции и 10 скока, но немаше помош од другите. Бруклин беше подобар во текот на целиот меч и без поголеми проблеми дојде до триумфот. Во победничкиот тим Динвиди беше најефикасен со 22 поени.

https://youtu.be/rtxx_Uyh1Wg

Трипл-дабл запиша и Расел Вестбрук кој постигна 28 поени, имаше 16 асистенции и 10 скока. Тој ја предводеше Оклахома до лесна победа над Индијана од 114:96. Најефикасен на мечот беше Оладипо од Индијана со 35 поени.

Шампионот Голден стејт со 117-112 го совлада тимот на Торонто. Кари беше најефикасен со 30 поени, кош помалку даде Дурент. Во составот на Торонто, ДеРозен реализираше 24 поени.

https://youtu.be/v_9pRMDhFxo

Резултати:
Шарлот – Денвер 110:93
Детроит – Минесота 122:101
Филаделфија – Хјустон 104:105
Бруклин – Кливленд 112:107
Мајами – Сан Антонио 100:117
Оклахома – Индијана 114:96
Далас – Мемфис 103:94
Феникс – Јута 97:88
Голден стејт – Торонто 117:112
ЛА Лејкерс – Вашингтон – 102:99. (Крај)

извор: Мкд.мк фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука