Левица Охрид бара од МОН итно да се довршат градежните активности на ОУТУ „Ванчо Питошески“
ноември 24, 2024

Охрид, 24. ноември 2024 (ОХРИДПРЕС) – Неодамна Општина Охрид и Министерството за образование и наука се пофалија со целосно реновирање и реконструкција на ОУТУ „Ванчо Питошески“ од Охрид. За овие потреби Министерството за образование и наука (МОН) под водство од СДСМ склучило договор со градежната фирма „Бауер БГ“, реагираат од локалниот огранок на партијата Левица од Охрид.

– Во описот на договорот за јавна набавка стои: работа за реновирање и реконструирање. Вредноста на склучениот договор со платен ДДВ е 108.013.319 денари или 1,7 милиони евра. Граѓаните, како единствени инвеститори бараат отчет како и каде се потрошени нивните пари со кои се полни буџетот на државата. Токму поради тоа група граѓани до Левица Охрид испратија фотографии од реновираното училиште, на кои се гледа дека реновирањето и реконструкцијата се’ уште не се завршени. Левица Охрид бара од Министерството за образование под итно фирмата изведувач да ги доврши градежните активности, за кои кеширала 1,7 милиони евра. Јасно е дека ДПМНЕ брза во пресрет на локалните избори да заврши што е можно повеќе проекти, но предизборно или не, работите треба да се изведуваат квалитетно и совесно, а парите на граѓаните да се трошат домаќински, стои во реакцијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука